Миле Зечевиќ ќе биде нов генерален секретар на СДСМ, открива новиот претседател на партијата, Драган Ковачевски во изјава за Фокус.

-Ќе го продолжам Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ. Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам. За сѐ друго е уште рано да се говори, изјавил Ковачевски за порталот.

Тој додава дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.