Чилеанецот Алексис Санчез ќе ги пропушти и преостанатите два натпревари во Серија А во оваа календарска година и ќе биде подготвен да се врати на теренот на почетокот на 2021 година, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, рехабилитацијата на Санчез по повредата на мечот против Каљари се одвива добро, но тренерот на Интер, Антонио Конте, не сака да ризикува со здравјето на својот напаѓач и ќе почека тој целосно да биде подготвен за настап.
Санчез ќе ги пропушти преостанатите два меча годинава против Специја и Верона, а се очекува да се врати во „сино – црниот дрес“ на 3 јануари против Кротоне.
Чилеанскиот напаѓач сезонава одигра 14 натпревари за Интер и постигна два гола, додавајќи и три асистенции. (МИА)