Крис Кристоферсон, влијателната американски пејач, актер и текстописец, почина во саботата на 88-годишна возраст. Многу ѕвезди сега се збогуваат со него.

Барбра Стрејсенд, која глумеше со Крис во филмот „Звездата е родена“ од 1976 година, рече дека знаела оти Кристоферсон е нешто посебно уште првиот пат кога го видела како настапува.

„Тој изгледаше како совршен избор за сценариото што го развивав, а кое на крајот стана ‘Ѕвездата е родена’“, напиша Барбра на „Инстаграм“.

„Во филмот Крис и јас пеевме песна што ја напишав за главната љубовна тема на филмот. На мојот последен концерт во 2019 година во лондонскиот „Хајд парк“ го замолив Крис да ми се придружи на сцената и да го отпее нашиот дует Lost Inside of You, беше шармантен како и секогаш, а публиката го награди со аплауз.

Меѓу музичарите, кои му оддадоа почит на Кристоферсон, беше неговата колешка, американската кантри-ѕвезда Доли Партон, со која глумеше во филмот „Радосна врева““ во 2012 година.

Таа на „Инстаграм“ напиша: „Каква голема загуба. Каков одличен писател. Каков одличен актер. Каков одличен пријател. Секогаш ќе те сакам, Доли“.

Портпаролот на семејството изјави дека Кристоферсон починал во својот дом во Мауи, Хаваи, опкружен со семејството, но не ја прецизира причината за смртта.

Крис се проби во светот на музиката како текстописец во главниот град на кантри-музиката Нешвил – напиша хитови како наградените со „Греми“ – Help Me Make It Through the Night, For the Good Times и Me and Booby McGee, еден од последните хитови на Џенис Џоплин.

Во раните 70-ти, кога веќе се етаблирал како пејач, почнал и актерска кариера. Една од неговите најпознати улоги е во филмот „Звездата е родена“ заедно со Барбра Стрејсенд.