„Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш кога луѓето се препознаваат на прв поглед, како да ги познаваш цел живот. Твојата љубезност, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа на секоја средба и ме охрабруваа за секој нов ден“, напиша црногорскоот пејач, Сергеј Четковиќ на социјалните мрежи.
„Имавме многу планови, идеи… Многу работи да правиме, раскажуваме, создаваме…
Патувај, брате мој, одмори се. Нека ангелите те водат на подобро место и нека Господ ти го подари Рајот!
Те сака твојот брат“, додате Четковиќ.
Пејачот Владимир Блажев-Панчо почина вчера, седум месеци по трагедијата во Кочани.
Текстот Познатиот црногорски пејач се прости од Панчо: Од првиот ден те гледав како брат е превземен од МАКФАКС.