На 29 мај 2025 година од 16:00 до 18:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи јавно предавање на тема „Половина век – бугарски научни истражувања на Антарктикот“. Гостин-предавач ќе биде проф. д-р Христо Пимпирев, директор на Националниот центар за поларни истражувања при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, предавач на Геолошко-географскиот факултет и претседател на Бугарскиот арктички институт.

Специјален гостин на настанот ќе биде кинематографот Фејми Даути. Тој помина на една недела во бугарската база на Антарктикот и според неговите сознанија искажани пред македонските медиуми е вториот човек од Република Северна Македонија кој бил на Јужниот пол, по покојниот проф. д-р Јовица Угриновски.

Оваа значајна научна манифестација е организирана од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, Хидробиолошкиот институт Охрид и Генералното конзулство на Бугарија во Битола.