Се поголем број луѓе се одлучуваат за исхраната која не вклучува храна од животинско потекло, а меѓу нив има и голем број на познати личности.
Овие ѕвезди, од етички, здравствени или еколошки причини, одлучиле да го елиминираат местото и храната од животинско потекло од својот живот и јавно зборуваат зошто се одлучиле за вегански начин за живот.
За време на бременоста, светски познатата тенисерка Серена Вилијамс почнала да практикува веганска исхрана, а истото го продолжила и откако ја родила својата ќерка Олимпија. Покрај тоа, тенисерката го елиминирала шеќерот од својата исхрана.
Цели осум години, комичарката и водителка Елен Деџенерис била веган и го опиша тоа како одлично искуство.
„Веќе не сум веган, но мојата партнерка е. Поддржував ваков начин на исхрана осум години и навистина верувам дека е добро за организмот“, објаси Елен.
Веганството го искусила и актерката Ен Хатавеј, но после некое време се вратила на старите навики и како што вели, „за сè беше виновен оброкот во Исланд“.
„Додека бев во Исланд, за ручек јадев филе од свеж лосос и едноставно – мојот мозок се ресетираше. Не можев да престанам да јадам риба. Тоа беше крајот на мојот вегански живот“, вели таа.
Актерката Кејт Винслет во последните десетина година е активна во здруженијата за заштита на животните. Таа пред многу години го прифатила вегетаријанството и веганизмот како нов начин на исхрана. Винслет јавно ги осудува и именува рестораните што служат црн дроб од гуска или патка.
Актерката Натали Портман исто така е страствен веган и неодамна сними документарен филм за луѓе кои одгледуваат животни кои потоа ги колат.
„Сето тоа е многу вознемирувачко, неприфатливо е. Тоа е прашање на нашиот морал, нашето здравје, зачувувањето на нашата планета и екосистем“, рече Портман.
Уште од времето кога беше амбасадор за заштита на животната средина, Џизел Бундхен е веган. Таа верува дека преминот на веганска исхрана е клучен фактор за зачувување на нашата планета. Бундхен успеала да го убеди и нејзиниот сопруг, атлетичарот Том Брејди, да стане веган. Како што вели, Том на почетокот не бил воодушевен од идејата, но на крај ја прифатил, бидејќи и самиот сфатил дека се чувствува се подобро и подобро.
„Ги сакам животните повеќе од повеќето луѓе околу мене, не се шегувам кога го кажувам тоа. Затоа сум вегетаријанец уште од детството, а веган од 2013 година. Верувам дека ваквата исхрана ми гарантира подолг, поздрав и побезбеден живот и се чувствувам посреќна поради тоа“, објасни пејачката Аријана Гранде.
Има и такви кои почнале да практикуваат исхрана која не вклучува месо поради нивниот физички изглед и диета. Еден таков пример е актерката Мишел Фајфер, која рече дека оброците без место ѝ помагаат да ја задржи својата витка фигура, а избегнувањето внес на штетни токсини ѝ ја прави кожата помлада и позатегната.
И Памела Андерсон е веган со години, а неодамна го искористи својот блог за да покани што повеќе обожаватели да го прифатат нејзиниот животен стил. Инаку Андерсон е активист во бројни здруженија за заштита на животните, цели 20 години.
Оливија Вајлд јавно го поддржува веганството и нагласува зошто е добро за нашето здравје и тело.
„Не е секогаш лесно, но тоа е начин на живот и ме прави да се чувствувам и да изгледам добро“, посочи таа.