Реванш средбите од полуфиналето во Европската лига се играат вечерва во Рим и Лондон, а се среќаваат Рома – Манчестер Јунајтед и Арсенал – Виљареал.
Во финалето на Лигата на шампионите, ќе гледаме дуел на англиски клубови, а како што стојат работите, може да биде слично и во Европската лига.
Манчестер Јунајтед веќе е со една нога во финалето бидејќи на првиот натпревар на домашен терен ја декласираше Рома со 6:2.
Вечерашниот реванш во Рим се игра од 21 часот, а на Рома навистина им треба големо чудо за да се пласираат во финалето. Но, со оглед на формата што ја имаат во оваа сезона, тоа ќе биде скоро невозможно.
Останува нешто помалку од еден час до почетокот на натпреварот, а Пауло Фонсека и Оле Гунар Солскјер ги објавија почетните состави.
Рома: Миранте, Карсдорп, Смолинг, Ибанез, Перез, Манчини, Кристанте, Педро, Пелгрини, Мхитаријан, Џеко.
Манчестер Јунајтед: Де Хеа, Шоу, Мегваер, Бејли, Ван-Бисака, Ван де Бик, Фред, Погба, Бруно Фернандеш, Гринвуд, Кавани.
Вториот реванш од полуфиналето во Европската лига се игра вечерва во исто време, а Арсенал и Виљареал ќе се сретнат во Лондон.
Жолтата подморница славеше со 2:1 на првиот дуел, но јасно е дека сè е отворено на овој натпревар. Топџиите не блескаа на првиот натпревар и можат да бидат среќни што постигнаа гол на гости.
Исто така познати се екипите за вечерашниот дуел на стадионот „Емирати“.
Арсенал: Лено, Холдинг, Мари, Џака, Белерин, Сака, Томас, Смит Роу, Пепе, Одегард, Обамејанг.
Виљареал: Рули, Алфонсо, Торес, Албиол, Гаспар, Тригерос, Кокелин, Парехо, Чуквуезе, Морено, Алкасер.