Аргентинецот Серхио Агуеро (33) договороил соработка со Барселона. Медиумите тврдат дека е завршена работата, а по завршувањето на сезоната, каде Манчестер Сити има уште едно коло во Премиер лигата и финале во ЛШ, Агуеро се сели на „Камп Ноу“.
Познати се и деталите. Тој наводно потпишал двегодишен договор, за плата од 5 милиони евра по сезона. Ова е за дури седум милиони евра помалку од она што го добива во Манчестер Сити, но сепак парите не биле одлучувачки.
Веднаш по финалето во ЛШ, Агуеро ќе биде претставен во нов играч на Барселона.