реклама

Раѓањето на детето е секогаш среќен настан, но некои трудници немаат секогаш можност да се породат во идеални услови, а многу од нив не стигнуваат ниту до породилиште.

Токму тоа и се случи на водителката на CNN, Кејси Хант, која на Инстаграм објави како го родила своето второ дете, девојчето по име Греј, на подот во бањата.

реклама

Како што објаснила во објавата, иако имала закажан царски рез, нејзиното девојче очигледно имало други планови. По само 13 минути породување, Кејси сфатила дека нема да стигне до болница, па се породила на подот во бањата, а бебето го родил нејзиниот татко.

„Мојот сопруг и јас сме воодушевени да ја претставиме нашата ќерка Греј Хант Ривера, иако таа всушност се претстави. Пред да се јавиме на 911 и само еден ден пред закажаниот царски рез. Поголемиот брат Марс не може да биде погорд отколку што е, а ние не би можеле да бидеме повозбудени за животот како четиричлено семејство“, напиша емотивната мајка.

реклама