Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ќе му се приклучи на Пари Сен-Жермен во летниот преоден рок, пренесува „Express Sport“.
Според британскиот портал, 27-годишниот Французин ќе ги чини парижаните 101 милион евра.
Оваа сезона, Погба одигра 13 натпревари за премиерлигашот на кои постигна еден гол и направи една асистенција.
За Погба интерес покажуваше и италијанскиот шампион Јувентус. (МИА)