Еден од најдобрите голфери во историјата, Тајгер Вудс, неодамна доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Вудс удри со својот автомобил во дрво и заврши во болница, но за среќа без опасни по живот повреди.
Полицијата веднаш започна истрага и по нешто повеќе од еден месец ги откри причините за оваа сообраќајна несреќа.
Имено, според извештајот, причина била преголемата брзина со која се движел Вудс во неговиот автомобил „Хјундаи Хенесиси ГВ80“.
Дозволената брзина во овој дел е 70 км на час, а се движеше со брзина од скоро 140 км на час. Откако слетал од патот, удрил во дрво со брзина од 120 км на час.
По овие детали за несреќата, Вудс треба да му биде благодарен на Бога што преживеа и во иднина треба да биде многу повнимателен и одговорен зад воланот.