Моделот Амелија Греј Хамлин, позната и како непо бебе, со оглед на тоа што нејзините родители се познатата Лиза Рина и актерот Хари Хамлин, конечно проговори за сите козметички процедури на кои се подложила.
Нејзините усни привлекоа најголемо внимание, но според Амелија, таа никогаш не ги допрела.
„Отсекогаш сум ги имала овие усни. Моментално правам нешто што се нарекува SkinVive, што е инјекција за хидратација, а не филер“, изјави таа за Variety.
Таа, исто така, имала операција на носот и градите, а отворено зборуваше и за нарушувањето во исхраната што го имала во минатото.
„Имав 16 години и имав маститис. Тоа беше најлошото нешто што ми се случило. Тогаш ги намалив градите, а потоа имав зголемување на градите затоа што излегував со маж кој беше постар од мене и дозволив неговата перцепција за убавина да прејде на мене“, рече таа.
Тоа беше нејзина втора операција на градите, но овој пат имаше компликации. Нејзиното тело не го прифати туѓото тело и беше потребна уште една итна операција, која траеше дури 14 часа.
Амелија сега живее поинаков начин на живот, но често се сеќава на сите проблеми што ги имала, вклучително и нарушување во исхраната.
„Тогаш ми кажаа дека за околу четири месеци ќе тежам 20 килограми и ќе бидам мртва. После тоа, се разбудив и сфатив дека не сакам да си го уништам животот на тој начин. Не мора да бидеш слаб за да живееш најдобар можен живот“, рече Амелија.
Текстот Позната манекенка ја открива вистината за пластичните операции: „Тоа беше најлошото нешто во мојот живот“ е превземен од МАКФАКС.























