Младата Мартина М. од Битола е девојката која загина во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Игнација во правец на Солун. Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави и фотографија од девојчето, пренесува Фокус.мк
Со неа биле уште три девојки кои се здобиле со повреди, а на возраст од 24 и 25 години, сите од Битола.
Според медиумите во Грција, возилото го управувала 25 годишна девојка, а се судрила со автомобил управуван од државјанин на Грција. Потоа во двете возила се забил уште еден автомобил, чијшто возач е исто така повреден.