Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен.
Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат зapaзени со Koвид-19.
Тој вели дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вaкцинација ќе се зголеми, како и дека бројот на излекувани лица со антитела ќе биде многу поголем.
-Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемиjaта со кopoнавиpycoт, а тогаш животот повторно ќе се нормализира. Оние кои не се вaкцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат зapaзeни со Koвид-19, рече Гасен.
Со неговите предвидувања се согласуваат и други познати научници од Германија.