Џејк Дејвисон е извршител на нападот во Плимут, кој властите го сметаат за најсериозен од 2010 година, иако се нагласува дека настанот нема никаква врска со тероризам. Три жени, маж и дете беа меѓу жртвите кои беа застрелани во четвртокот вечерта. Четири лица загинаа на местото на настанот, а едно подоцна почина во болница. Дејвидсон бил член на организацијата наречена „Инсел“, основана кон крајот на ‘90 -тите години каде членуваат момчиња кои останале неженети против нивна волја. Осаменоста ја фрустрира оваа растечка заедница и досега овие луѓе извршиле неколку масовни убиства, главно во САД, Канада и Европа.

Advertisements

Прикажи повеќе