Пожарот што од пред два дена беснееше на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот.
Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), тимовите и сите други учесници во гаснењето на пожарот се вратени во базите, а на терен остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово.
Во гаснењето на пожарот учествуваа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово. Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, наведоа од ДЗС.
























