Шумскиот пожар кој во средата доцна навечер избувна во атарот на село Туин кичевско, се уште не е изгаснат. Според информациите од ШС „Лопушник“, и покрај интервенцијата на нивни екипи, пожарот во однос на претходните два дена е проширен и на нов шумски појас и се протега на повеќе од два хектари.
Во текот на утрешниот ден екипи на ШС„ Лопушник“ со прирачен алат ќе бидат присутни на местото на пожарот и ќе превземат дополнителни мерки за да се локализира огнената стихија.