Продолжува да беснее пожарот на границата помеѓу Словенија и Италија, а синоќа на италијанска страна беше пријавена и првата жртва. Животот го загубила 56-годишната Елени ло Дука откако врз неа паднало опожарено дрво.

Advertisements

Пожарот започна во Италија, а од пред два дена почна да се шири и кон словенечка територија каде го зафати регионот Крас. Уништени се над 2 000 хектари површина и се смета дека е еден од најголемите пожари со кои се соочува Словенија во својата историја.

За да спречат жртви, словенечките власти вчера наредија евакуација на околу 400 жители од три села: Војшчица, Теминца и Новел. Огнот, како што информираа тамошните медиуми, е прилично оддалечен од нивните домови, но подрачјето е опасно по живот бидејќи е опкружено од густ чад.

Во гаснењето ангажирани се пожарникари од сите делови на Словенија, а помош во хеликоптери и авиони испратија и неколку европски држави.

Прикажи повеќе