Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од евентуалното јако дување на ветерот.

– Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното население или околу 55 луѓе се на терен. Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Сите дејствуват во содејство со хеликоптер од Армијата, кој досега има направено шест прелети и истурени се шест ведра вода, информираа утринава од ЦУК за МИА.