Пожарот кај фабриката „Охис“ е ставен под контрола, потврди за МИА заменик командирот на скопската пожарна Звонко Томески.
Тој информира дека најверојатно постојат три точки каде што е започнат пожарот, како и дека моментално се работи на негово догаснување.
Томески изјави дека причината за избувнување на пожарот се уште не е позната, но дека се работи на расчистување на случајот и дека најверојатно ќе се утврди причината за настанување на пожарите.
– Во моментов се работи на догаснување на пожарот, причината за избувнувањето не е позната, но истражните органи се на лице место, полека се расчистува и најверојатно ќе се утврди причината за настанување на пожарите, истакна Томески.
Инаку, во гаснењето на пожарот е повреден еден пожарникар кој, како што рече Томевски, откако вдишал чад веднаш бил однесен со Брза помош во болница и во секој момент се очекуваат информации за неговата здравствена состојба.