Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати.
Под контролан се пожарите кај Општина Долнени, с.Долгаец – с.Стровија (нискостеблеста вегетација); Општина Гази Баба, Депонија Вардариште (ѓубре); Општина Гевгелија на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Македонски Брод, Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Липково, с.Никуштак (мешана шума), соопшти ЦУК во извештајот.
Текстот Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари е превземен од МАКФАКС.