Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци.

„Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за апелирам за помош од сите соседни општини, за државна помош вклучувајќи ја целокупната државна механизација што е на располагање, затоа што верувајте во опасност се наоѓа директно населено место Лозаново и домовите на самите на самите луѓе. Апелирам како што кажав на смиреност и на вклученост на сите граѓани, на сите оние коишто можат да дојдат тука, на лице место да помогнат во спречување на ширењето на огнената стихија“, порача градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Текстот Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција е превземен од МАКФАКС.