Пожарот што избувна пред неколку дена во селото Девиќ во Македонски Брод е ставен под контрола. Но, целосното гаснење се уште е далеку.
„Пожарот што започна пред пет дена овде во селото Девиќ во Македонски Брод, постои сомнеж дека започнал од главниот пат и се проширил во горниот дел, додека главниот сомнеж паѓа врз човечкиот фактор, било да е тоа намерно или ненамерно. Во меѓувреме првиот објект што се запали пред два дена беше оваа штала за чување добиток што ја гледате зад мене, каде беше изгорена сточна храна во вредност од околу 10.000 евра, но за среќа, околу 40 животни беа спасени од селаните. Пожарот денеска е ставен под контрола, но поради ветрот повторно се заканува да се прошири“.
Жителите стравуваат дека пожарите можат да ги уништат нивните имоти.
„Многу е опасно, вчера беше многу лошо, денеска малку се смири. Тука имаше десет метри пламен. Се будевме нон стоп ноќе за да видиме.“
„Стравот зема десет, јас сум силен по природа, но синоќа се исплашив бидејќи пожарот избувна многу близу до објектите во кои живеат луѓе. Но, фала му на Бога, тој зеде поинаков правец и ни даде време да се подготвиме со тие работи што ги имавме“.
„Синоќа беше многу лошо, многу, денеска малку се смири. Се зависи од времето“.
Шефот на противпожарната бригада „Македонски Брод“, кој работеше на висорамнините во селото, телефонски одговори дека најголемата опасност поминала. Денеска во пет часот наутро заедно со жителите интензивно работеле на целосно гаснење на пожарот што зафати илјадници квадратни метри.
„Пожарот има активни жаришта, но ние ги санираме. Под контрола е, но не можам да кажам дека е целосно изгаснат. Има многу дрвени остатоци и се шири низ нив. Горат ниско скапани шуми и таму теренот е недостапен. Тука сме од пет наутро и го саниравме околу куќите и се надеваме дека ќе успееме“.
Секторот за внатрешни работи истражува дали станува збор за намерно подметнување пожар.