Македонската влада се обидува да ги вовлече Албанците во македонско-бугарскиот спор  преку полтронски албански политичари, кои сакаат да се прикажат како поголеми Македонци од Македонците, вели Џевдет Пожари, новинар и писател од Косово, во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

„Според мене Албанците од Македонија треба да бидат заинтересирани за се што се случува во државата во која живеат, но не треба да ја жртвуваат историската блискост со бугарскиот народ, оти на тој начин,  и несакајќи, ги помагаат српските проекти за овие простори“, смета Пожари потсетувајќи ги Албанците дека во Скопје е срушена куќата на мајка Тереза, а повторно изграден Офицерскиот дом, кој е симбол на српската ропство.

Тој тврди дека недоразбирањата меѓу Скопје и Софија проилегуваат од тоа што македонската политичка елита ги испомешала пријателите и непријателите.

„Понекогаш имам чувство дека кај македонските елити е најнагласена балканската манија да го мразиш својот, а да го засакаш непријателот“, оценува косовскиот новинар.

Според него, идниот премиер на Косово, Албин Курти, ќе ја уважи историската вистина дека дека наши пријатели на Балканот се Бугарите и Хрватите, кои досега не биле обновени поради идеолошки причини и поради влијанието на Белград да ја спречи таа комуникација.

„Коридорот 10 што го поврзува Скопје со Атина и Белград, функционира веќе децении по ред, а за Коридорот 8, кој е најприроден пат за поврзување на Црното Море со Јадранот, се уште нема ниту идеен проект, е не пак подготвеност тој да се реализира“, вели Пожари.

За него, Албанците во Северна Македонија, треба да бидат мост за соработка со Софија во полето на бизнисот и културата се со цел да се нормализира комуникацијата меѓу двата народи.