На 14 декември 2024 година, во 03:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром избувнал пожар во патничко возило цитроен Ц1 со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С. од Скопје.

Според пријавата, од пожарот било зафатено и друго патничко возило, киа со скопски регистарски ознаки, сопственост на 45-годишниот И.Д. од Скопје.

Во настанот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Надлежните извршиле увид за утврдување на причините за пожарот.