Пожар изби во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“ во Тетово. Според првичните информации, пожарот избил во магацинот на фабриката. Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост. Пожарот е проширен брзо и ги зафаќа речиси сите објекти од фабриката. Се шири црн чад на небото, огнената стихија е огромна, и се претпоставува дека гаснењето на пожарот ќе трае и неколку часа.