Неколку лица загушени се извадени попладнево од хотелските простории на хотел „Буши“ во кој од засега непознати причини, попладнево изби пожар.
Според првичните информации на репортерот на 4news.mk од терен, брзата помош реагирала кај неколку лица кои вдишиле чад.
Во моментов се уште трае акцијата за спасување и извлекување на гости и персонал од хотелот.
Пожарникарите се на терен и се обидуваат да го стават под контрола пламенот.
Засега, не е јасно колку гости имало во моментот на избувнување на пожарот.