Во 13:30 часот започнат е пожар во поле, а подоцна истиот е проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.
Како што информираат од ЦУК, во гансењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 4 ПП возила, уште 3 пожарникари во моментот се испратени од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од ШС од Гевгелија.
Со пожарот зафатено е прнар и нискостеблеста шума.
На помош се и вработени од Општина Богданци и мештаните.
Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа вегетација, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.
Побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места.
Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана. Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.