Попладнево голем пожар избувна во фабрика која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола. Според првични информации од терен, гори Жито Битола. Информациите од теренот велат дека пожарот се гаси со две противпожарни возила и петнаесетина пожарникари. Од Противпожарната служба во Битола велат дека се уште немаат точни информации за тоа како избувнал пожарот. Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива. Нема информации засега ниту дали има повредени и дали во моментот на пожарот таму имало работници.