Пред неколку дена, нешто пред полноќ пожар ја зафати куќата на семејството Имери.
Во трособната куќа беа 7-те члена на семејството, но за среќа во моментот на несреќата биле будни и не се здобиле со повреди. Но, останаа без кров над глава. Домаќинот вели дека целиот труд кој го вложил со години, изгорел за само една ноќ.
„Ја видовте и самите штетата. За да санираме потребни се 6-7 или дури 10 илјади евра. Не можам сам да го сторам тоа. Каде да најдам 10 илјади евра, кога пензија земам само 10 илјади денари? Што мислиш дали може со овие пари да се санира? Дали да купуваш храна и да ги плаќаш сметките или да градиш куќа… Отиде мојот 70-годишен труд. И ова ме снајде мене. Што да правам…“, истакна Нејази Имери.
Нејази бара помош од државата и граѓаните, бидејќи како што раскажува, нема каде да оди со семејството.
„Тука не се живее, немаме ниту облека. Тука престојуваме, имаме две соби горе, но седуммина сме, тесно е. Што да се прави….“, посочи Нејази Имери.
Семејството Имери живее во Чаир.
Нејази и неговото семејство бараат од хуманите луѓе да им излезат во пресрет за да ја санираат куќата. Сѐ што имаше во куќата изгоре. Единствените приходи на ова семејство се 10-те илјади денари пензија на Нејази.
Број на семејството: 071 210 376