Гори нискостеблеста шума во близина на воениот полигон Криволак.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот е пријавен на непристапен терен, а бил разгорен во ноќните часови.

Кон Криволак веќе се упатил и армиски хеликоптер кој ќе помогне во гасењето на пожарот.