Во последните 24 часа регистрирани се 882 нови случаи на КОВИД-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, починати се 14 лица, а оздравени се 140 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 6.591 тест.