Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска околу 11:00 часот повторно ја погоди централна Хрватска, пренесуваат локалните медиуми.

Како што се наведува на ЕМСЦ, земјотресот се случил на 20 километри од Петриња и 65 километри југоисточно од Загреб.

– Advertisement –

На посилниот потрес му претходеле два послаби земјотреса – 1,9 и 2,9 според Рихтер.

Прикажи повеќе