Бројни корисници на Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месанџер услугите вечерва објавија дека повторно имале проблеми со нив.
Според Down Detector, имало проблеми со испраќање пораки на Месанџер, Ватсап со „проверување“ на апликацијата, Инстаграм исто така со проблеми при поврзување со серверот, а што се однесува до Фејсбук, корисниците најчесто пријавувале проблеми со веб -страницата, а потоа и со апликацијата.
Да потсетиме, популарните страници „паднаа“ во понеделникот и не беа во функција шест часа.