Банките во главниот град на Авганистан повторно се отворени, по првпат откако талибанците ја презедоа власта на 15 август.
Сепак, многу луѓе се уште имаат проблеми со пристапот до своите заштеди, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
„Кабул банка“ почна да опслужува клиенти, но не одобрува повлекување големи суми пари.
Отворени се и други банки, од каде велат дека не можат да дозволат повлекување пари поради недостиг на готовина од авганистанската централна банка.
Затворањето на банките ги влоши и другите проблеми во Кабул – како што се зголемените цени на суровините.
Во меѓувреме, компанијата за трансфер на пари Western Union, која им овозможува на луѓето да добиваат пари од странство, престана да ги обезбедува овие услуги пред една недела, додава Би-Би-Си.