Оштетено стакло и дел од таблата каде е испишано името на бугарскиот клуб „Цар Борис Tрети“ во Охрид. Од СВР Охрид информираат дека оштетувањето било пријавено ноќеска во 2 часот и 5 минути, објави Ohridnews.mk.

Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, вели портпаролот Стефан Димоски.