Актерот кој е познат по својот темперамент, повторно имаше изливи на бес на снимањето на седмото продолжение од „Невозможна мисија“ во Англија.
Том често го фрустрираат ситници, но оваа последнава е навистина најбизарна причина за неговата нервоза.
Имено, причина за неговиот бес биле гранки на едно стебло на сетот, кои удирале во покривот од неговата приколка, додека тој се одморал.

„Сите се нервираа од звуците, но Том направи хаос. Веднаш повикаа луѓе за да го средат проблемот и да отстранат сè што може дополнително да ја иритира холивудската ѕвезда“, изјави очевидец од сетот.
Освен гранките на недолжното стебло, актерот го фрустрирале и луѓето што дошле да го сликаат него и другите актери во тек на снимањето, па продукцијата била приморана да дојде до обожавателите и да ги замоли да ги избришат сите фотографии.

Круз и претходно беше на насловните страници од светските медиуми поради своите агресивни испади и бизарни одлуки. Последен пат почна да им се дере на членовите на екипата што не ги почитуваа епидемиолошките мерки и им се закануваше со отказ. Потоа донесе два робота за спречување ширење на коронавирусот на сетот, а петмина од екипата си дадоа отказ.
„Роботите се многу софистицирани и малку застрашувачки. Личат на Терминатор, но не се толку насилни. Од друга страна, Том има среќа што воопшто снима, и целата екипа се труди да го заврши филмот“, изјавија луѓе од сетот.
Потоа се зборуваше дека актерот доживеал нервен слом и дека му е потребна помош од терапевт.