
Поради новите мутации на коронавирусот, некои европски земји воведуваат контроли на нивните граници.
По Белгија, која воведе повремени и ненајавени контроли на своите граници, сега истото го направи и Германија, која воведе дополнителни контроли на границите со Австрија и Чешка, откако двете земји беа обележани со темно црвена боја на ковид – мапа, што значи дека се регистрирани голем број заразени со новите мутации на коронавирусот.
– Advertisement –
Со тоа, повторно е воспоставена границата на влезот од Чешка кон Германија, каде се проверува секое возило. Овие случаи, како и најавите од други земји дека би можеле да го сторат истото, во јавноста се смета за кршење на Шенгенскиот договор и ограничување на слободата на движење.
Во Европската комисија, пак, не коментираат. Тие се повикуваат на познати пораки, искажани неколку пати – дека земјите-членки се договориле како да се координира спречувањето на ширењето на вирусот.
Извор: 360 Степени