Четири лица починаа од ебола во југоисточна Гвинеја, соопштија денеска властите во таа земја.
Министерот за здравство, Реми Лама, за Франс прес изјави дека официјалните лица се „навистина загрижени“ за смртта, прва по епидемијата 2013-16 година, која започна во Гвинеја и остави 11.300 мртви низ целиот регион.
– Advertisement –
Една од најновите жртви во Гвинеја е медицинска сестра која починала кон крајот на јануари, а била погребана на 1 февруари, изјави за локалните медиуми шефот на Националната агенција за здравствена безбедност, Сакоба Кеита, пренесува Гардијан.