Нови дојави за бомби денеска се испратени до училишта во Скопје, информираат од МВР.

Според нивните информации, пријавено било дека има закани за поставена бомба во четири училишта.

Ова е веќе трет месец во кој училиштата, а и други институции добиваа закани за поставени бомби. Досега сите дојави за експлозивни направи беа лажни.