МВР потврди дека и денеска имало електронски дојави за бомби, овој пат во четири училишта.
Денеска (04.11.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на електронските адреси на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и училиштата се безбедно евакуирани. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.