Повреден бил жител на росоманското село Сирковo, при гаснење на пожар. Тој се здобил со изгореници на лицето, рацете и едната нога, информираше попладнево Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

– Лицето се здобило со изгореници на лице и рака на десната страна. Препратено е на клиниката за пластична хирургија во Скопје, за МИА потврди, доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.

Пожарот кај Сирково избувна во текот на денешниот ден.