Полицаец на мотоцикл е повреден синоќа во сообраќајна незгода на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во скопски Чаир.

„Во 21.45 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл ’хонда’, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи). По судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило ’пежо 308’. Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести МВР.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.