Авансот уплатен за кинеските вакцини е повлечен. Министерството за здравство ја потврди информацијата, која вчера ја лиферуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, од таму велат дека не станува збор за откажување на договорот, туку само за докомплетирање на документацијата.
-Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот „Синофарм“ во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја, велат од Министерството за здравство.
Вакцините од Кина требаше да пристигнат на крајот од овој месец. Сепак, февруари помина, а сега не се кажуваат рокови кога ќе пристигнат вакцините.