Во ноември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто и за 1,4 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во ноември во споредба со октомври годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи биле повисоки во групите „трајни производи за широка потрошувачка“ и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,6 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека во ноември годинава, во споредба со ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „енергија“ за 5,9 проценти, „трајни производи за широка потроошувачка“ за 4,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1 процент.