Расте просечната плата, но со неа растат и цените на основните прозводи. Граѓаните велат дека со платите и пензиите кои ги земаат тешко се поминуваа еден месец. Иако, статистички во земјава просечната плата од лани до сега пораснала за 700 денари, тоа не се забележува во примањата на мнозинството граѓани.

„Јас сум со плата тешко е и тоа со плата од 25 илјади денари не стасува. Има давачки, сметки, не може да се стигне никако. Криза е голема пандемијата ја влоши состојбата…“…

– Advertisement –

„Пред петнаесет дена беше зејтинот пример 62 денари сега е 80 денари. Јас дваесет години не сум отишол на одмор. Со една плата имам студирано дете.“…

„Од први до први тешко, не стигнува. Две пензии имаме, не стигнуваат, сè поскапе а пензиите мируваат, економијата ни е катастрофа. Што е тоа покачување? Покачување е две-три илјади денари… Тешко ќе биде.“…

„Не може некој да зема седум илјади, некој 30 илјади, тоа не правилно луѓето не плаќаат струја, вода, кредити, тоа е тешка ситуација, младите немаат работа, живеат од пензиите, каде води ова – никаде“, велат граѓаните.

Според пресметката на синдикатите, на едно четиричлено семејство потребни му се најмалку 33 илјади денари за да ги подмири основните обврски во месецот.

Потрошувачка кошничка:

Исхрана и пијалоци 10.078 денари
Домување 10.817 денари
Хигиена 2.386 денари
Превоз 2.464 денари
Облека и обувки 2.159 денари
Одржување на здравје 724 денари

Според законското мартовско покачување, минималната плата сега изнесува 15.400 денари, а просечната 28.200. Но, таа порасна пред сè поради изгубените работни места минатава година и растот на примањата во здравството и ИТ индустријата.

Андреа Чобанова