Националниот младински совет на Македонија, преку проектот „МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“, отвори повик за млади лица кои сакаат да бидат дел од програма за ментално здравје, со што бесплатно се нуди еден психолог со кој младото лице ќе работи, шест индивидуални средби со психологот и шест недели континуирана поддршка.
– Повеќе за условите и начинот на аплицирање може да дознаете на следниот линк: https://mladihub.mk/newsd/26. Рокот за аплицирање е 26 септември 2021 година, посочија од Националниот младински совет.
Проектот „МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ го спроведува Националниот младински совет на Македонија, а е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од претседателот на Република Северна Македонија.