– Градоначалникот на Тетово Биљал Касами информираше дека пожарот во „Македонија табак“ го гаснат повеќе противпожарни единици од многу градови и дека мерните параметри не покажале поголема опасност од штетни материи.
-Се работи за фабрика која произведува материјали на база на нафтени деривати и како што знаеме тоа се високо запаливи материјали и затоа петти час веќе се гаси. Успеваме да се доближиме до локализирање, но уште гори има уште запалив материјал. Бевме во неизвесност дали има материја штетна по здравјето. Со најновите информациите сме посмирени, не се работи за штетна материја, затоа сакам да информирам дека нема посериозна опасност по нивно здравје. Од утре продолжува образованиот процес, иако денеска побаравме да ги пуштат децата дома. Оваа загаденост не е штетна по нивно здравје, рече Касами.
Градоначалникот Касами информира дека бил во контакт со премиерот Димитар Ковачевски, но и со други установи и институции.
-Благодарам до сите противпожарници единици од цела држава, на почеток дојде од Гостивар, Куманово, Скопје и Кавадарци. Понуда имавме да дојдат од Струмица и Битола, но договоривме дека поради далечина нема потреба да се приклучат. Премиерот понуди поддршка од полиција и Армијата од воздух, истакна Касами.
Во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово кон Скопје утрово, по девет часот избувнал голем пожар.