Повеќе од три недели во Македонија недостигаат два современи типа на инсулин и ленти за мерење на инсулин,а нема ниту терапија за дијабетес за пациенти со покомплицирани здравствени состојби, пренесува Алсат.

„Нема инсулински ленти скоро два месеци, мајка ми и мојот пријател се на инсулин. Што да прават без ленти? Каде да ги најдеме, живееме со социјална помош. Каде можеме да најдеме пари за да ги купиме лентите и лековите. Како да го мериме шеќерот за да знаеме колку е, и да добиеме терапија? Многу е проблематично бидејќи шеќерот многу влијае на здравјето“, рече еден пациент.

Од Министерството за здравство нема одговор кога се очекува да се обезбеди одредената количина инсулин и да се дистрибуира во аптеките. Инаку, во Македонија околу 45.000 луѓе живеат со инсулин. Од нив околу 600 се деца до 18 години.