705 странци со бугарско потекло и граѓани на РС Македонија ќе го продолжат своето високо образование на бугарските универзитети. Од нив 627 се запишале како Бугари од странство а 78 се државјани на РС Македонија, соопшти бугарското Министерство на образованието и науката.
Традиционално најпосакувани се стручните науки од областа на медицината. Меѓу примените студенти има и такви што ќе учат правни науки, филологија, инженерски науки, дигитални технологии, сајбер безбедност, новинарство и кинеска филологија.
Во годинешната кампања беа отворени места за прием на студенти во 33 бугарски универзитети. Квотата за кандидати со бугарско потекло изнесува 1770 студенти а за граѓани на РС Македонија 147.
Странците со бугарско потекло студираат бесплатно ако се државјани на Албанија, Косово, Молдавија, РС Македонија, Украина и Србија.
Во првата година од студирањето тие ќе добиваат стипендија во износ од 120 евра и истата ќе им биде продолжена доколку во првата година од студирањето имаат просек добар 4.
Останатите странски студенти и државјани на РС Македонија плаќаат такси како и бугарските студенти.